Екипите на Реал Мадрид и Севиља се првите патници во полуфиналето од Копа дел Реј. Ако тимот на Барселона ја помине Малага во 1/4 финалето во полуфиналето од шпанскиот куп ќе се сретне со Реал Мадрид.

“Кралевите“ на реванш натпреварот на “Местаља“ одигра 1-1 и со вкупни 3-1 ја елиминираше Валенсија. Севиља со “покер“ погодоци во мрежата на Сарагоса го обезбеди пласманот во полуфиналето.

Мх.П.