Реал Мадрид на Ноу Камп со 3-1 ја совлада Барселона и со вкупни 4-2 обезбеди виза за пласман во финалето од Копа дел Реј.


Во реванш дуелот од “кралскиот куп“ избраниците на портуалскиот стратег Жозе Мурињо одиграа маестрален натпревар. Тоа го најави Кристијано Роналдо, кој на шестиот натпревар во низа против Барселона постигнува барем по еден гол, но на “Ноу Камп“, Роналдо го направи два пати.

Магичната ноќ за Реал Мадрид ја заокружи дефанзивецот Варан, кој постигна погодок на втор натпревар во серија на “Ел Класико“. Почесниот погодок за “блауграната“ го постигна Жорди Алба во финишот на мечот.

Реал Мадрид противникот во финалето ќе го добие од вториот полуфинален дуел помеѓу Атлетико Мадрид – Севиља. Првиот натпревар заврши во корист на “јорганџиите“ со 2-1.

Мх.П.