Претседателот на “кралевите“, Флорентино Перез е решен да ја прекина доминацијата на Барселона во шпанската Примера. Сезонава “лос галактикосите“ целосно потфрлија, а Барселона тоа го искористи и е на чекор до титулата во Ла Лига.
Со доведувањето на Кавани, Давид Силва и Белј тоа ќе значи дека неколку стандардни првотимци во дресот на Реал Мадрид ќе се збогуваат од кралскиот клуб. Најблиску до заминување моментално се Анхел Ди Марија и Лука Модриќ.