Дваесет и седмата седница на Советот на Општина Охрид ќе се одржи денес од 09:00 часот во општинската зграда.

Советниците ќе расправаат за 66 точки на Дневниот ред. Меѓу нив тримесечните извештаи за реализација на програмите во повеќе сфери, извештајот за остварување на буџетот на Општина Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2023 година, како и тримесечните извештаи за работата на јавните претпријатија.

На дневен ред и предлог одлуките за давање согласност на одлуката за дополнување и изменување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП Билјанини извори – Охрид, за издавање на гаранција за задолжување на ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид, за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2022 година со интегриран финансиски извештај за 2022 година, за давање на медицинска и друг вид опрема на трајно користење од проект КРОС4ОЛ од 2019 година, на Црвен крст Охрид, Општа болница Охрид и ЈЗУ Здравствен дом Охрид, како и точки кои се однесуваат на урбанистичко-плански документации.

OhridNews