Реализација на буџетот во првиот квартал од 2026 утре на седница на Совет
25.05.26 09:28
Тримесечните извештаи за работата на јавните претпријатија, реализација на програмите за развој на туризмот, локалниот економски развој, животна средина, образование, спорт, култура, за јавна чистота… пред советниците утре на десеттата седница на Совет која ќе се одржи со почеток во 9 часот во општинската зграда.
На Дневен ред се 52 точки меѓу кои и извештаите за реализацијата на капитални проекти како катната гаража, програмата за изградба на системи за водоснабдување, проектот „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за фекална и атмосферска канализациона мрежа за дел од улици „Малесија“, „Александар Гушо“, „Трајче Дојчиноски“, „Први мај“, „Вангел Николоски“, „Дебрца“ и „Момчило Јорданоски“, како и извештајот за остварување на буџетот на Општина Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.
Опфатени се и неколку точки кои се однесуваат на експропријација на градежно земјиште.
Мирен граѓански протест против фемицидите, родово базираното и семејното насилство е најавен за сабота, 21 ноември, од 12 до 14 часот во Охрид Собирот ќе почне на градскиот плоштад „Св Климент Охри...
Новоопремен фитнес-центар во селото Лешани, наменет за учениците и локалното население, доби Општина Дебрца Опремувањето е реализирано со донација од почесниот конзул на Република Србија во Охрид, ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице и 67-годишно лице од Кавадарци, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотре...