Здружението за развој и активизам „Аква“ од Струга во соработка со Фондацијата отворено општество – Македонија, Центарот за граѓански комуникации и Центарот за развој на локалната демократија, заврши со реализацијата на проектот „Мониторинг на трошењето на јавните пари на локално ниво и мониторинг на процесот на децентрализација“.

Крајна цел на проектот е достапност на процесот на децентрализација и трошењето на општинските буџети, како целосно би се искористиле предностите кои ги дава децентрализираното обезбедување услуги за граѓаните.

Инаку, како производ од мониторирањето произлегоа два извештаи, и тоа  „Извештај за резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки во Струга“ и „Извештај за спроведувањето на децентрализацијата во општина Струга“.

OhridNews