Советот на општина Охрид денеска ќе расправа за ребаланс на буџетот.

Буџетот на општина Охрид за 2007 година изнесува 452.300.000 денари, и е  за 99 милиони денари потежок од првичната проекција на  општинската администрација. Зголемувањето беше направено на предлог на 12 советници, а оспорено од градоначалникот кој тогаш рече дека буџетот е преамбициозен и не ќе може да се реализира ниту 60% на крајот од 2007 година.

Покрај предлог одлуката за измени и дополнувања, Советот ќе расправа и за   изменување на одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид  за 2007 година. 
 
Советниците на 43-та седница ќе дебатираат и за за утврдување на касов максимум во благајната на општина Охрид, а ќе се расправа и по извештаите за работа на јавните претпријатија „Проаква“ и „Охридски Комуналец“, на Одделението за комунален развој и сообраќај како и по Извештајот за работата на   Одделението за даноци и комунални такси за  периодот од 01.01.2007 год.- 30.06.2007 год.

ohridnews