Советот на Општина Охрид следната недела во четврток, 9 јули, со почеток во 09:00 часот ќе ја одржи 12. седница во општинската зграда.

На Дневен ред се 36 точки меѓу кои одлуката за измени и дополнувања на Буџетот на ЕЛС Охрид за 2026 година, како и измените и дополнување на програмите во различни области.

Советниците ќе расправаат и за продолжување на работното време на занаетчиските субјекти, отстапување на користење на паркинг простори од општина Охрид на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид, како и за одлуки поврзани со урбанистичко-планската документација за вклопување на бесправно изградени објекти.

OhridNews