Пред крајниот рок, 31 декември, за регистрација на системот е-Персонален данок, службите на УЈП ќе работат и последната сабота во месецов.

Граѓаните кои досега не ја исполниле својата обврска и не се регистрирале на е-пдд системот, тоа можат да го направат и утре, од 7 до 21.30 часот.

На 31 декември, службите ќе бидат отворени до 16.30 часот.