Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.763 тестирања, при што се регистрирани се 708 нови случаи на КОВИД-19, како и 11 оздравени пациенти и 33 починати, информира Министерството за здравство.

Од регистрираните 708 нови случаи од Охрид се 26, од Скопје се 341, Прилеп 59, Куманово 41, Велес 37, од Гостивар, Битола 26, Кавадарци 23, Тетово 8, Штип 17, Кочани 16, од Неготино и Дебар по 11, Гевгелија 10, Струмица 9, Струга 7, од Свети Николе, Ресен и Виница по 5, Македонска Каменица 3, од Кичево, Богданци, Демир Капија и Дојран по 2 и по 1 од Радовиш, Делчево, Берово и Валандово.

Пријавени се вкупно 33 починати лица и тоа 8 пациенти од Скопје (85г,82г,78г,76г,75г,74г,45г,39г), по 4 пациенти од Прилеп (71г,70г,70г,64г) и Куманово (81г,69г,62г,56г), 3 пациенти од Кавадарци (70г,67г,58г), по 2 пациенти од Гостивар (67г,64г), Битола (75г,67г), Велес (71г,51г) и Неготино (73г,71г) и по едно починато лице е пријавено од Тетово (59г), Охрид (70г), Кочани (74г), Кичево (74г), Гевгелија (66г) и Берово (69г). Од пријавените 33 лица, сите се починати во болнички услови.

Направени се 2.763 тестови преку: ИЈЗ-738, ЦЈЗ Скопје-63, ЦЈЗ Битола-99, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-30, Жан Митрев (Филип Втори)-151, Авицена-356, Биотек-304, Систина-340, лабораторија Лаор–341, Синлаб-34, Ремедика-23, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 281.
Досега во земјата се направени вкупно 615.457 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 126.938, бројката на оздравени пациенти е 104.356, на починати е 3.675, а бројот на активни случаи изнесува 18.907.

Во Охрид во моментов има 732 активни случаи.

OhridNews