Во изминативе 24 часа се регистрирани нови 328 случаи на КОВИД-19, од направени 2535 тестови. Починало едно лице, а дополнително се пријавени три починати лица во период од 9 март до 12 март. Како што информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје, оздравени се 237 пациенти.

Од вкупниот број на нови позитивни, регистрирани се 65 реинфекциии.
Регистрирани сe 237 оздравени пациенти од: Скопје – 131, Битола – 14, Прилеп – 13, Кавадарци – 12, Куманово и Велес – по 10, Тетово – 8, Охрид и Кичево – по 5, Ресен, Гевгелија, Кочани, Неготино и Дебар – по 3, Штип, Гостивар, Крива Паланка, Виница и Богданци – по 2, Радовиш, Валандово, Струмица и Кратово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистриран е едно починато лице: од Кичево (58г), починато во болнички услови.
Во Охрид до сега се регистрирани 8609 инфекции со Ковид 19, а во моментов активни се 72 случаи.
OhridNews
					



							






