Во последните 24 часа се регистрирани 627 нови случаи на Ковид-19, 47 починати и 765 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Како што посочуваат од Министерството за здравство, во последните 24 часа се направени 2.865 тестирања, а регистрирани се 627 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во Скопје – 218, Битола – 66, Куманово – 54, Прилеп – 31, Охрид – 22, Струмица – 21, Тетово – 20, Велес – 19, Штип – 18, Кавадарци – 16, Гостивар и Кичево – по 15, Кочани – 13, Гевгелија – 12, Свети Николе и Берово – по девет, Струга – осум, Дебар – седум, Ресен и Виница – по шест, Валандово – пет, Неготино, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Демир Хисар и Пехчево – по четири, Крива Паланка, Кратово и Македонски Брод – по три, Богданци и Македонска Каменица – по две лица.

Регистрирани се 765 оздравени пациенти и тоа Скопје – 387, Кавадарци – 57, Битола – 50, Прилеп – 37, Куманово – 35, Велес – 30, Неготино – 25, Тетово – 22, Штип – 17, Кочани – 16, Ресен – 12, Гостивар – 11, Струмица – 10, Гевгелија – осум, Радовиш и Демир Капија – по седум, Крива Паланка – шест, Кичево, Свети Николе и Берово – по четири, Пробиштип, Демир Хисар и Богданци – по три, Македонски Брод – двајца, Струга, Виница, Пехчево, Кратово и Крушево – по еден.
Во моментов во Охрид има 890 активни случаи.
OhridNews











