Реконструиран базенот за физикална терапија во болницата „Св. Еразмо“
16.06.21 12:00
Центарот за развој на Југозападниот плански регион успешно ja заокружи реконструкцијата на базенот за физикална терапија во специјалната болница „Свети Еразмо“, со што се создадени услови пациентите од установата, но и од поширокиот регион, да можат да ги користат специјалистичките услуги на овдешните стручњаци за лекување на болести поврзани со нарушените моторни функции кај човековото тело.
Со проектот, чија вкупна вредност е осум милиони денари, извршено е осовременување на машинскиот и базенскиот дел од опремата, поставени се нови сончеви колектори, а направени се зафати и кај електричните инсталации и врз самиот градежен објект со цел да се подигне неговата енергетската ефикасност. Со извршените интервенции, како што истакнуваат од Центарот за развој наЈугозападниот плански регион, целосно е осовременето работењето на базенот за физикална терапија, при што трошоците за неговото функционирање ќе бидат незначителни за специјалната болница Свети Еразмо. Средствата за овој проект се обезбедени од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа, и истиот е избран преку регионалните форуми на заедницата, што е специфика во работењето на донаторите од Швајцарија.
Од болницата Свети Еразмо, која одбележува 71 година од своето формирање, не го кријат задоволството што базенот за физикална терапија е завршен, и наскоро планираат да го стават во функција за потребите на нивните пациенти. Над десеттина години ваквите услуги не беа вршени заради големите трошоци на установата, но сега состојбата е променета, така што не постојат пречки услугата да биде достапна и за други корисниците од пошироката заедница. Притоа, тука, во прв ред, се најмладите кои се почесто се судираат со различни видови на деформитети.
Според информациите, донаторите од Швајцарија, ќе ја продолжат соработката со македонската страна, така што во следните три години, најавена е поддршка за нови инвестициски проекти во осумте региони во државата.
ГРК Охрид забележа голема победа во дербито од 6 коло на ракометната Суперлига, совладувајќи го Алкалоид вечерва во „Билјанини Извори“ со 26:24 (15:11) Со новите два бода охриѓани се искачија на че...
ГФК Охрид Лихнидос и Брера Струмица одиграа 2:2 попладнево на „Билјанини Извори“, во натпреварот од 7 коло во Втората македонска фудбалска лига Охрид практично целиот натпревар го одигра со фудбале...
Продолжува чествувањето на 11 Октомври-Денот на народното востание во Охрид Во рамки на програмата подготвена од Општина Охрид вечерва од 20 часот во Културен центар „Култ“ – Охрид ќе биде отворена...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.