Реконструкција на повеќе училишта, улици и плоштади и експропријација за изградба на катна гаража
21.10.19 12:57
Градоначалникот Константин Георгиески, денеска беше во обиколка на повеќе локации во општината каде се во тек градежни работи за реализација на значајни инфраструктури проекти.
Во Елшани во тек е реконструкција на покривот на училиштето, кој инаку е од азбест, а се врши и санација на потпорен ѕид. Во Коњско, исто така, се реконструира покривот на локалното училиште, но и улицата „Асном“ каде ќе има нов асфалт и две велосипедски патеки. Промена на покривот се врши и во училиштата „Христо Узунов“ и „Братство и Единство“ во Лескајца, информира градоначалникот Георгиески.
Георгиески посочи дека во тек е и санација на потпорен ѕид во непосредна близина на спомен куќата на Григор Прличев, а со тендер вреден 3 милиони денари ќе се санира и гради канализациона мрежа во Лескоец и Рача. Во почетна фаза е и реализацијата на проектот за реконструкција на плоштадот „Табана“. Во рамки, пак, на проектот кој се реализира преку Југозападниот плански регион се гради пешачката патека кај Саат кулата на охридското кале, дополни Георгиески.
Единствен проект кој не е започнат, а е со потпишан договор е пробивањето на улицата низ поранешната касарна, поради адмнинистративни пречки кои се отстрануваат, појасни Градоначалникот.
Георгиески во 2020 година најави повеќе значајни инфраструктурни проекти за кои се предвидени или ќе се предвидат средства во општинскиот буџет.
Идната пролет предвидена е комплетна реконструкција и обновување на влезот на Охрид од Битола, на потегот од Здружение на возачи до почетокот на улица „15 Корпус“. Проектот е изработен и испратен до Агенцијата за патишта. Општината ќе ја изработи подземната инфраструктура, а државното јавно претпријатие асфалтирањето. – најави Георгиески.
За идната година најавена е и реконструкција на булеварот „Македонски Просветители“. Проектот е вреден 40 милиони денари, а најверојатно со него ќе се аплицира пред Светска банка која веќе одобри 1,9 милиони евра за инфраструктурни проекти во Охрид, рече Георгиески. Тој најави реконструкција и на улицата „Абас Емин“, која ќе се реализира со средства на Европската банка за обнова и развој и општината. Се очекува наскоро Министерството за транспорт и врски да го распише потребниот тендер и да отпочне постапката за ревитализација на оваа значајна сообраќајница која со децении чека на обнова. Следната година ќе се реконструира и плоштадот кај стариот Чинар.
Што се однесувца до изградбата на катна гаража кај пазарот. Георгиески рече дека во тек е постапка за експропријација на 90 метри квадрати од парцелата за оваа намена, по што ќе биде објавен Оглас за јавно приватно партнерство, согласно изготвената физибили студија.
„Заштити се од кражби и џебни кражби“ е превентивно – едукативната кампања што Отсекот за превенција при СВР Охрид интензивно ја спроведува во екот на туристичката сезона со цел заштита на гр...
Со тестирање на пловен базар, во езерските води во Струга утре ќе биде заокружена меѓународната резиденција Lakescape, дел од истоимениот проект кој се спроведува на бреговите на трите големи Европ...
Извлечени паровите за ЕХФ Европскиот Куп Во второто коло ГРК Охрид ќе се соочи со РК Баки од Азербејџан Првата средба (11/12102025) е на гостински терен, додека втората средба (18/19102025) е на до...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.