Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси, на гала церомонијата во Париз прогласен беше за најдобар фудбалер во светот за 2019 година во изборот на престижниот француски весник „Франс Фудбал“.

Асот на Барселона по шести пат се закити со „Златната топка“ и изби на врвот оставајќи го големиот ривал Кристијано Роналдо со пет признанија на втората позиција. Меси претходно на првото од пиедесталот се искачуваше 2009, 2010, 2011, 2012 и 2015 година.

Второпласиран во изборот финишираше дефанзивецот Вирџил ван Дајк, а трет заврши Роналдо кој не присуствуваше на церомонијата. Најдобрите пет фудбалери во светот ги заокружија Садио Мане и Мо Салах.

Наградата за најдобар голман замина во рацете на Алисон Бекер од Лвеиверпул, а наградата за најдобар фудбалер му припадна на Матијас де Лихт.

Најдобра фудбалерка за годината што изминува е Американката Меган Рапино

OhridNews