Од јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ информираат дека поради недостиг на вода за пиење во регионалната водоводна мрежа со пумпната станица во “Св. Еразмо”, која се користи за снабдување со вода за пиење во селата Оровник, Горенци и Подмоље, заради ублажување на последиците, односно снабдување со вода во текот на денот на сите корисници се воведуваат рестрикции.

– На ден 08.07.2017 година, вода за пиење нема да има во населените места Оровник и Подмоље, после 15:00 часот до истиот период наредниот ден.
– На ден 09.07.2017 година, вода за пиење нема да има во населеното место Горенци, после 15:00 часот до истиот период наредниот ден.
– На ден 10.07.2017 година, вода за пиење нема да има во населените места Оровник и Подмоље, после 15:00 часот до истиот период наредниот ден.
– На ден 11.07.2017 година, вода за пиење нема да има во населеното место Горенци, после 15:00 часот до истиот период наредниот ден.
– На ден 12.07.2017 година, вода за пиење нема да има во населените места Оровник и Подмоље, после 15:00 часот до истиот период наредниот ден.
– На ден 13.07.2017 година, вода за пиење нема да има во населеното место Горенци, после 15:00 часот до истиот период наредниот ден.
– На ден 14.07.2017 година, вода за пиење нема да има во населените места Оровник и Подмоље, после 15:00 часот до истиот период наредниот ден.
– На ден 15.07.2017 година, вода за пиење нема да има во населеното место Горенци, после 15:00 часот до истиот период наредниот ден.

Воедно, од претпријатието информираат дека за месец Јуни 2017 година, од пумпната станица во “Св. Еразмо”, за снабдувување со вода во овие три села потрошени се вкупно 8601 м3 вода, што споредено за истиот период минатата година, при што се потрошени 6595 м3 вода, претставува зголемена потрошувачка на вода за повеќе од 30%.

Од јавното претпријатие потенцираат дека поради нерационалното користење на водата за пиење, приморани се да ја применуваат Одлуката од Советот на Општина Дебрца, каде што просечната потрошувачка на водата за пиење се определува во количина од 7 м3   по член на семејно домаќинство месечно. Цената за секој кубен метар потрошена вода за пиење над просечната потрошувачка, се зголемува два пати.

Ваквата состојба ќе трае се до подобрувањето на водоснабдувањето со вода за пиење.

OhridNews