Катедралната црква Св. Софија во Охрид, од вчера ја краси минијатурна копија која на Дебарско – кичевската епархија и ја подари скопјанката Даниела Костова. На донаторката црквата Св. Софија три пати и се појавувала на сон, по што го ангажирала скулпторот Жарко Иванов кој ја изработил минијатурната копија.

Репликата е изработена во размер со сите елементи кои ги има надалеку познатата Св. Софија, а меѓу првите кои ја видоа беше владиката Дебарско – кичевски г.Тимотеј.

Копијата на Св. Софија е поставена на постамент пред влезот на катедралата, а навечер ќе биде осветлена од внатре.


Реплика на катедралата Св. Софија од сон на јаве

Ohridnews
фото: Емилио