„Жешко е“ велат работниците „но мора се да се заврши навреме!“ Се расчистуваат зелениот појас на булеварот Туристичка и на патниот правец од Билјанини извори до Свети Стефан. Механизацијата пак ги уредува рабовите од сообраќајниците по кои ќе минуваат делегациите (ќе ги има вкупно 49)

Поделени сме на две делници, влезот на Охрид го уредува „Македонија пат“, а градскиот дел и делницата до Свети Стефан ја третира Комуналец, објаснува Павлоски. Тој информираше дека се засадени околу 450 садници, со што како што рече патот кон Свети Стефан доби подобар изглед.
Во функција на НАТО форумот се ставени и охридските хотели. Во Милениум палас ќе бидат сместени новинарите и прес центарот. „Хотелот комплетно е ставен на располагање на организаторот на безбедносниот форум и веќе гости не примаме,“ ни изјави хотел-менаџерот Игор Јанески.

„Забранетиот град“. Хотел ИНЕКС
Детали од подготовките на влезот во хотелот
На пристапот до хотелот Инекс Горица силно полициско обезбедување кое не дозволува никој без посебна пропусница да се доближи до местото на обезбедување на форумот. Влезовите кон хотелот како и главните сообраќајници во градот дополнително се обезбедени со видео камери, а за време на одржувањето на форумот на сила ќе биде и посебен режим на сообраќај. Некои кои ја виделе новата конференциска сала во хотелот (во која е најстрого забрането фотографирање) велат дека изгледала велелепно.

Речкоски не` информираше дека охридската сообраќајна полиција располага со потребните средства и капацитети да одговори на предизвикот за што побезбедно одвивање на сообраќајот за време на НАТО форумот како на учесниците на големиот настан, така и на граѓаните и правните субјекти.
фото: С. Костоски













