Реномираната регионална телевизија Ал Џезеира Балканс, викендов објави репортажа за загрозеното светско културно и природно наследство кое, како што заклучува телевизијата, полека ја губи својата вредност.

Охридското Езеро кое е под заштита на УНЕСКО е во опасност поради неконтролирана урбанизација на крајбрежјето, оценува светската организација. Затоа локалните власти во Охрид почнаа да ги отстрануваат монтажните платформи и да ги чистат плажите од бетон. Угостителите, пак, бараат властите да им понудат алтернатива, во спротивност, велат дека нивната иднина е неизвесна, пренесува Ал Џезеира.

 

Бавната и пренатрупана со службеници општинска администрација треба да изнајде трајно решение на спорот помеѓу нас и нив, нека ни каже каде грешиме, а не со багери да решаваат проблеми. Доколку УНЕСКО вели дека платформите се проблем ќе ги оптстраниме, но нека ни понудат алтернатива. Нашата иднина е неизвесна и не знаеме дали ќе продолжиме да работиме. – вели за Ал Џезеира Балканс Марјан Маловчев од менаџерскиот тим на плажата „Куба Либре“ која е опфатена со акцијата на локалните власти.

Охридското Езеро кое е под заштита на УНЕСКО е во опасност поради неконтролирана урбанизација на крајбрежјето, оценува светската организација. Затоа локалните власти во Охрид почнаа да ги отстрануваат монтажните платформи и да ги чистат плажите од бетон. Сепак во соседна Струга градоначалникот чека упатства од и помош од централната власт, се посочува во репортажата на Ал Џезеира.

Ние чекаме Министерството за транспорт и Владата да донесат план што ќе правиме понатаму. Централните власти треба да ни помогнат во делот на заштитата и задржување на статусот на заштитено подрачје. Нека дојдат од Скопје и да почнеме со ред, што чини, а што не, не може ништо да не чини. – вели градоначалникот Мерко. 

Непосредно по оваа изјава, утрово, механизацијата заигра и на струшкото крајбрежје, каде исто така почна акција за отстранување на монтажните платформи од езерото и плажите.

 

Репортажа на Ал Џезеира за загрозеното светско културно и природно наследство на Охридскиот регион

Во прилогот на Ал Џезеира се зборува и за еколошките проблеми на Охридското Езеро. Искусниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски посочува дека се уште на езерското дно има најразличен цврст отпад, псочувајќи дека таму каде што истиопт е отстранет се враќаат рибата и ракот.

OhridNews