Одбраната на обвинетите официјално не добила известување
за изземањето на Кривичниот совет
Претседателот на Основниот суд Охрид, Владо Дејаноски, на барање на полномошникот на семејството на убиениот српски турист, во понеделникот донесе решение за изземање на Кривичниот совет кој го водеше судскиот процес за убиството на српскиот турист, поради пропусти во постапката. Како што информираат од судот, до крајот на неделата ќе се конституира нов Кривичен совет и судењето ќе почне одново во Основниот суд во Охрид.
За смртта на 34-годишниот белграѓанец се обвинети две лица од Охрид, кои се товарат за кривично дело свирепо убиство, додека едно лице, исто така од Охрид, е обвинето за помагање по извршено кривично дело. Истовремено за свирепо убиство се товари уште едно лице државјанин на Република Србија, кој засега е недостапен за органите на прогонот.
Судскиот процес за убиството на Дејан Новаковиќ почна на 22-ри февруари без присуство на медиумите, што беше наведено како една од причините за изземање на Кривичниот совет од случајот.