По новогодишните празници, и дежурните лекари ќе можат да им препишуваат антибиотици на пациентите. Оваа измена, Фондот за здравствено осигурување ја направи со цел, да го упрости начинот на издавање на рецептите. Тоа значи дека болните кои ќе добијат рецепт за антибиотик од  дежурен лекар, ќе можат истиот да го подигнат во најблиската аптека, без претходно да го заверат кај  својот матичен лекар.


На листата антибиотици, кои ќе можат да ги препишуваат дежурните лекари се ставени 17 најчесто користени лекови. Од ФЗОМ  велат дека со овие измени сакале да ги стават лекарите, 7 дена во неделата, во служба на пациентите.

Ohridnews