Охрид ќе прерасне во регионален Фиба Европа центар во кој на својот развој би работеле тренери , судии и кошаркари. Кампот за млади кошаркари до 15 години, кој е идеа на генералниот секретар на Фиба Европа, Нар Занолин, требаше да старува годинава, но рецесијата ги поремети плановите на европската кошаркаска куќа.


– Финасиската криза го одложи стартот на  регионаланиот камп за кошаркари до 15 години, идеа која ја добив при првата посета во Македонија. Камп од таков тип имаме во Постојна, Словенија и одлично функционира, мислам дека Охрид со својата местоположба и клима е идеално место. Но за жал не затекна рецесијата и мора да биде внимателни, не ја отфрливме идејата но само ја одложивме, бидејќи вреди да се вложува во младите– истакна Занолин.


За прв пат во Македонија престојува и Олаф Рафнсон, член на бордот на ФИБА Европа и менаџер на работната група за развој на ФЕ.

– Посетуваме многу земји и од она што го видовме во Македонија сме воодушевни. Македонската федерација е организирана на високо ниво. Овде сме да размениме искуства, идеи и  концепти од една и друга земја. Наша цел е сите членки да се чувствуваат како дел од Фиба фамилијата – вели Рафносон.

М.Постоловски