Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија изрече повеќе казни и суспензии за натпреварот од 2 коло од плејофот во Супер лигата помеѓу Охрид и Алкалоид кој заврши со нерешен резултат.

По разгледување на случајот, изречена е казна од 40 000 денари на претседателот на Алкалоид Горан Минов, за тешки навреди и закани кон кон судиите и недолично однесување.

На судиите Даниело Божиновски и Виктор Начевски, изречена им е забрана за вршење функција во период од 30 дена, поради утврдени материјални повреди на правилата на ракометната игра што директно влијаеле на конечниот резултат и кршење на судиските стандарди.

Парична казна од 25 000 денари изречена му е и на спортскиот директор на ГРК Охрид, Славчо Ристески за однесувањето на натпреварот.

OhridNews