Ракометната федерација на Македонија ќе ги награди со 30 000 евра ракометарите кои беа дел од селекцијата на Европското првенство во Данска.


Репрезентативците на континенталниот собир го освоија десеттото место и го остварија првичниот план за пласман во втората фаза.

– На Европското првенство во Данска ја остваривме зацртаната цел да се пласираме меѓу 12-те селекции. Во втората фаза посакувавме уште подобар резултатот, но таму не спречија објективни околонсти – рече првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов.

Мх.П.