Дваесетина рибари од регионот, учесници на Првиот фестивал на плашицата што се одржува во рамки на Саемот за туризам во Охрид, приредија несекојдневен настан за посетителите. Тие неколку часа на отворено пред ресторанот „Парк“ се натпреваруваа во приготвување чорба од риба, која потоа беше дегустирана од посетителите на саемот, заедно со другите специјалитети од риба.


Рибарите приредија атракција и вкусна чорба

Ohridnews
фото: Емилио