Спортски риболовци од повеќе земји од регионот денеска во Охрид ќе се натпреваруваат во подготвување чорба од риба. Натпреварот ќе се одржи пред х. Парк,  а дегустацијата на чорбата ќе биде дел од програмата на отварањето на Саемот за туризам, што денеска започнува во Охрид. Посетителите на саемот ќе можат да вкусат и специјалитети од плашица што вчера ја уловија спортските риболовци во каналот Студенчишта.

Трите првопласирани чорби и сите специјалитети од плашица ќе бидат изложени во рамки на презентацијата на Македонската национална кујна.

Натпреварите во приготвување чорба и лов на риба, се дел од првиот Фестивал на плашицата, што го организраат спортските риболовци од Охрид. Организаторите во ноември најавуваат втор дел од фестивалот кој ќе се одржи  кај каналот Студенчишта, каде покрај специјалитети од риба ќе бидат изложени и копии од стари чунови и рибарска опрема.