Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, бара, доколку се докаже вината, лицето кое пред два дена се обиде да изврши полов напад врз две малолетнички во Охрид , да добие максимална казна затвор.

Министерот потенцира дека педофилијата не е моментална реакција, туку кривично дело.

-Злоупотребувачите на деца не размислуваат на строгиот закон и високите казни. Тие луѓе имаат сериозни здравствени проблеми, а доколку се докаже вината, барам максимална казна затвор за сторителите, посочи Ристовски.

OhridNews