Променливата туристичка сезона на охридско – струшкото крајбрежје за Илинденските празници го достигна врвот. Сместувачките капацитети во двата града конечно се исполнети на поскакуваното ниво, за што придонесоа и бројните концерти и културни манифестации, што Струга и Охрид ги понудија овој викенд.

-Туристичката сезона е доста успешна, во споредба со минатогодишната. Првата половина на јули месец не беше исполнет како што очекувавме, но во втората имавме добра исполонетост, односно целосно се исполнети капацитетите на хотелот и како што се движи сезоната подобра е од минатогодишната.-изјави Елизабета Маркоска – од х. Дрим, Струга.

Најмногу гости има од Холандија, Турција, Полска, како и од соседството, а зголемен е и бројот на домашни туристи. Во пораст е и бројот на туристи кои во Охрид и Струга доаѓаат на пропатување, враќајќи се од морските дестинации или како дел од се попопуларните Балкански тури.

Туристичките работници од Охрид и Струга се надеваат дека временските услови во август ќе бидат поповолни и дека ќе остварат подобри резултати во однос на досегашниот тек на сезоната која во главно се сведува на викенди и е под очекувањата.

Г.М.