Подготвени сме да дадеме се од себе на реванш натпреварот од ЕХФ Европскиот Куп со Целје и веруваме дека заедно со публиката чија енергија ни е многу потребна, можеме да ја анулираме предноста на противникот и да оствариме историски влез во финале, порачаа на прес конференција тренерот Борис Ројевиќ и играчот на ГРК Охрид Анте Иванковиќ.
Здравствениот билтен на екипата, со исклучот на еден играч е добар, а ракометарите најавуваат дека ќе дадат се од себе да се оствари целта.
Реванш натпреварот од ЕХФ Европскиот Куп помеѓу Охрид и Целје се игра во салата „Билјанини извори“ утре вечер, сабота, со почеток од 19 часот. Целје по првиот меч има минимална предност откако на домешен терен славече 27:26.
Г.М.
Фото: А. Момироска













