Баерн Минхен направи голем чекор кон пласман во 1/4 финалето од Лигата на Шампионите. “Баварците“ со победата 3-1 над Арсенал на “Емирати“ обезбеди капитална предност пред реванш мечот на “Алијанц Арената“.

– На “Емирати“ направивме голем чекор напред кон четвртфиналето. Секогаш бевме на вистинско место, затоа и дојде овој резултат. Ги потсетив моите соиграчи дека носени од публиката, Арсенал може да направи секакво чудо на домашен терен. Тоа тие го примија со голема доза на претпазливост и со водечкиот гол не им дадовме шанса да се размавнат – потенцираше Арјен Робен.

Холанѓанецот во дресот на Баерн Минхен, Робен минатата сезона во Лигата на Шампиони беше трагичар во финалниот натпревар. Робен во продолжението со Челси промаши од белата точка, а подоцна одбие да шутира пенал во рулетот.

Мх.П.