Ударната игла на нападот на Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси предвреме го напушти теренот против КПР откако се удри во камерите позади голот на “полицајците“.


Незгодниот момент за Холанѓанецот се случи во 23-та минута, кога Ван Перси центрирараше, а при падот се лизна и заврши во камерите до голот Жулио Цезар.

За нецели две седмици Манчестер Јунајтед го игра најзначајниот натпревар сезонава против Реал Мадрид во Лигата на Шампиони, а Ван Перси покрај повредата треба да биде подготвен за игра.

Мх.П.