На 1 јули 2026 година, со почеток во 19.30 часот, во предворјето на црквата „Св. Софија“ ќе се одржи добротворен концерт по повод 15 години од постоењето на ресторанот „Кај Каневче“.
На концертот ќе настапат Ѓоко Ѓорчев и Катерина Танева, кои со своите безвременски хитови ќе бидат дел од една вечер исполнета со музика, дружење и хуманост.
Настанот се организира во соработка со Здружението на лица со дијабет од Охрид, а собраните средства ќе бидат наменети за поддршка на лица со дијабет и за набавка на сензори за деца на кои им се неопходни во секојдневната грижа за нивното здравје.
Влезници нема. Наместо цвеќе, подароци или други знаци на внимание, секој посетител ќе може, согласно своите можности и желба, да даде доброволен придонес за оваа хумана цел, велат организаторите.
OhridNews











