Роднина на сопственикот на бродот „Мис Стон“ тврди дека еколошкиот инцидент во каналот Студенчишта во кој се влеваат познатите Билјанините извори, е предизвикан од нестручно поместување на бродот од страна на непознат сторител, при што тој бил оштетен, за што ќе биде покрената соодветна постапка за утврдување одговорност.

За инцидентот разбравме од телевизија и тогаш сфативме дека бродот е поместен на своја рака од некого и така потонал. Петнаедсет години тој стоеше во каналот и немаше никаков проблем, но кога некој се обидел да го помести го оштетил, а тоа ќе се докаже кога бродот ќе биде извлечен на суво. Тој беше на другата страна од каналот, а не на ова место, вели Лутви Калиќи – роднина на сопственикот на бродот „Мис Стон“. 

Екипи на јавните препријатија и локалната самоуправа се обидуваат да го извлечат на суво бродот Мис Стон, по што ваква постапка ќе следи за уште шест стари пловни објекти во каналот Студенчишта кои претставуваат потенцијална опасност по животната средина.

Г.М.