Министерството за образование и наука ги потсетува студентите од прва година запишани на јавните и приватните високообразовани институции во државата дека во тек е аплицирањето за место во државните студентски домови и други објекти за сместување  за студиската 2021/2022 година. Крајниот рок за поднесување на апликациите е 24-ти месецов.

Од МОН соопштуваат дека за бруцошите се предвидени 1249 места во студентските домови низ државава.

Во студенскиот дом Никола Карев во Охрид за бруцоши оваа година има 49 места. На конкурсот за сместување во студенски домови за студенти од втора и повисоки години на студии беа отворени 194 места, а примени се 64 студенти.

Условите, критериумите и потребните документи за остварување на правото на сместување во студентски дом се наведени во конкурсот кој е објавен на следниот линк. Студентите кои ги исполнуваат условите пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://euslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во студентскиот дом.

За слободните места во студентските домови, кои се останати непополнети по објавување на конечните списоци, пријавувањето ќе продолжи сé до пополнување на истите, но не подоцна од 15.11.2021 година.

 

OhridNews