Фудбалерите на Рома изборија пласман во полуфиналето на фудбалскиот Куп
на Италија, откако по 120 минути игра ја совладаа Фиорентина со 1:0. Натпреварот во Фиренца го реши Дестро со погодокот кој го постигна во 97-та минута.

Фиорентина беше подобар противник, нејзините фудбалери три пати ја
погодуваа рамката на голот на Стекеленбург, но ниту еден обид не заврши
во мрежата.

Рома мечот го заврши со двајца фудбалери помалку, црвени картони добија
Тадеи и Додо, додека кај Фиорентина беше исклучен Квадрадо.

Рома, во полуфиналето ќе игра против Интер, додека втората полуфинална двојка ја формираа Јувентус и Лацио.

Првите полуфинални натпревари се закажани за 22 и 23. јануари, додека возвратните дуели ќе се одиграат една недела подоцнa.

“Макфакс“