На 58 издание на фестивалот „Охридско лето“, публиката ќе има можност да проследи исклучително квалитетни настани. Програмата е внимателно конципирана, а честа да го отвори фесривалот ќе ја има светски познатата сопранистка од Романија Елена Мошуц, најави министерот за култура Роберт Алаѓозовски.
На прес конференцијата, министерот Алаѓозовски најави дека ќе се реновира летната сцена Долни Сарај, со што ќе се зголеми квалитетот на изведбата на настаните на фестивалот „Охридско лето“
OhridNews











