Кристијано Роналдо имаше нова ноќ за паметење постигнувајќи четири погодоци за селекцијата на Португалија во победата 5-1 против репрезентацијата на Литванија. Асот на „селесао“ со „покер“ голови уште еднаш ја потврди својата класа а после мечот изјави дека не го интересираат индивудалните награди, туку успехот на екипите каде што настапува.

  • Секогаш кажувам дека не размислувам за индивидуалните признанија. Тие се резултат на успехот кој ќе го направи тимот. Нема да лажам и ќе кажам дека ми годат признанијата но најважно е да се помогне на екипата. – изјави Роналдо.

Португалецот стигна до бројката од 93 погодоци во националниот дрес и стана деветти фудбалер во Европа со 90 или повеќе постигна голови. „Европските бразилци“, во квалификациите го заземаат второто место во групата со пет бодови помалку од Украина која има натпревар повеќе.

OhridNews

ЕП: Гол шоу на Роналдо во убедливиот триумф на Португалија (видео)