Асот на Јувентус, Кристијано Роналдо имаше фантастичен почеток на Новата 2020 година во Серија А постигнувајќи три погодоци во триумфот на „старата дама“ над Каљари, додека Златан Ибрахимовиќ не му помогна на Милан кој ремизираше со Сампдорија (0-0) на Сан Сиро.

Јувентус отпорот на Каљари го скрши во вториот дел. Роналдо резултатот го отвори во 49-та минута, а во 67-та минута погоди за 2-0. Гонзало Игуаин реализираше за 3-0 во 81-та минута, а во 82-та Роналдо го комплетираше хет трикот и ги постави конечните 4-0.

„Росонерите“ не успеаја да забележат победа во првиот натпревар од втората полусезона во Серија А ремизирајќи 0-0 со Сампдорија. На „миланезите“ не им помогна ниту Ибрахимовиќ кој во игра влезе во текот на второто полувреме.

Во останатите мечеви Болоња ремизираше со Фиорентина 1-1, Аталанта со 5-0 ја „преслуша“ Парма, додека првата рунда во Новата 2020 година ќе се комплетира со натпреварите Лече – Удинезе односно дербито на колото Наполи – Интер.

OhridNews