Португалецот најдобрите моменти во кариерата ги имаше токму во дресот на Манчестер Јунајтед освојувајќи титула во Лигата на Шампиони, три во Премиер лигата.
– Чуството не може да се објасни, со целото срце го посакував Јунајтед. Емоциите ми се помешани, не можам да коментирам. Извинете можеби некој нареден пат – истакна Кристијано Роналдо.
Првиот натпревар од мега пресметката се игра на Сантијаго Бернабе додека реванш дуелот се игра на Олд Трафорд.