Кристијано Роналдо е пред враќање на Олд Трафорд, но не со Реал Мадрид во Лигата на Шампиони туку да го засили Манчестер Јунајтед.

Португалецот на два пати досега истакнуваше дека не е среќен во екипата на Реал Мадрид. Ситуацијата со Роналдо кулминираше откако на Реал Мадрид за противник во Лигата на Шампиони им беше извлечен Манчестер Јунајтед.

Во неколку наврати Роналдо потенцираше како менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон е негов фудбалски татко и дека никогаш нема да го заборави. На ова стариот лисец возврати вратата на Роналдо во Манчестер Јунајтед е секогаш отворена.

Ако трансферот стане реалност, тогаш “црвените ѓаволи“ на “кралевите“ ќе треба да им исплатат 145 милиони евра што е 50 милиони евра повеќе од трансферот на Роналдо од Јунајтед во Реал Мадрид.

Мх.П.