Кристијано Роналдо беше стрелец на единствениот погодок за Реал Мадрид во дуелот со Манчестер Јунајтед во 1/8 финалето од Лигата на Шампионите, но Португалецот покажа респект кон неговиот поранешен клуб и не се радуваше на голот.


– Јас секогаш сакам да победувам затоа и бев толку мотивиран. Не се радував на голот бидејќи премногу го почитувам клубот, кој ми даде се во мојот живот – истакна Роналдо.

Реванш мечот се игра на 5 март на “Олд Трафорд“ а таму сигурно Роналдо ќе има величествен дочек од верната англиска публика.

Мх.П.