По осминафиналната ждрепка во Лигата на Шампиони најмногу внимание привлече враќањето на Кристијано Роналдо на Олд Трафорд. Португалецот во дресот на Манчестер Јунајтед настапуваше шест години освојувајќи бројни титули.


– Ако постигнам погодок нема да го прославувам бидејќи премногу го почитувам прво менаџерот Фергусон, а и Манчестер Јунајтед каде поминав незаборавни шест години. Сеуште зборувам со Фергусон и ако не настапував во Манчестер немаше да бидам тоа што сум денес – посочи Роналдо за мега дуелот со Манчестер Јунајтед во Лигата на Шампиони.

Првиот натпревар од осминафиналето се игра на 12 февруари додека реванш мечот на Олд Трафорд е на 5 март наредната година.

Мх.П.