Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо го собори рекордот на шампионатот на Саудиска Арабија по постигнати голови во една сезона.

Претходниот рекорд му припаѓаше на напаѓачот на Ал-Итихад, Абдеразак Амдала, кој постигна 34 гола во сезоната 2018/19.
Вкупно, Роналдо има 46 постигнати голови и 13 асистенции на 45 натпревари во сите натпреварувања во сезоната 2023/24.
На 21 мај се дозна дека Роналдо е вклучен во составот на португалската репрезентација за Европското првенство 2024 година.
OhridNews
фото. МИА/ЕПА
 
					


 
							







 
					