По пристигнувањето нво Манчестер, Кристијано Роналдо изјави дека сака да постигне погодок во решавачкиот меч со неговиот поранешен тим Јунајтед во осминафиналето од Лигата на Шампиони.


– Тоа ќе биде сензација, ако постигнам погодок, ќе биде спектакуларно. Незнам дали ќе го прославувам голот бидејќи зависи од ситуацијата, но сакам да бидам во таква ситуација – рече Роналдо.

Навивачите на “црвени ѓаволи“ на Роналдо му подготвуваат величествен пречек, а Роналдо потенцираше дека тоа го заслужува по шесте години минати во дресот на Јунајтед.



– Ќе морам добро да се подготвам за натпреварот со Манчестер бидејќи ќе имам многу измешани емоции. Не ни се сомневам дека навивачите ќе ме пречекаат со песна,  затоа што поминавме прекрасни шест години заедно –
заврши Роналдо.

Реванш натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид се игра вторник во 20:45 часот, а првиот дуел заврши без победник 1-1.

Мх.П.