Иднината на португалскиот ас, Кристијано Роналдо во дресот на Реал Мадрид е сосема неизвесна. Тој го одбил новиот договор, а пред заминување од клубот е и актуелниот тренер Жозе Мурињо.


Таквата информација го израдувала менаџерот на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, кој веднаш доставил желба до челниците на клубот да го вратат Роналдо на “Олд Трафорд“.

За таа желба, да стане реалност Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 55 милиони евра, а пред четири години Роналдо за рекордни 96 милиони ги смени боите на дресот.

Португалецот наклонетоста кон “црвените ѓаволи“ ја потврди на меѓусебниот натпревар во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони, кога не се радуваше на постигнатиот погодок во мрежата на Де Геа.

Мх.П.