Имено, Роналдо, последен од репрезентативните колеги пристигнал во Гимараеш, каде Португалија, во среда, ќе одигра пријателски меч со Еквадор, а по неговото пристигнување еден навивач започнал да скандира ’Меси, Меси’.
Роналдо не се чувствувал пријатно од повиците, но успеал да остане смирен и порачал. „Играм за репрезентацијата веќе десет години и сигурно дека еден изолиран инцидент нема да ме вознемири. За мене е голема чест што ја претставувам мојата земја, кога сум во репрезентацијата се чувствувам како да сум во семејството“, рекол Роналдо.