Спроти големиот празник и патрон на градот „Св. Климент Охридски”, Ротари клубот од Охрид, со своја донација се придружи кон другите хумани организации, фирми и поединци од градот, кои во време на голема здравствена криза пружаат поддршка на Општата болница во Охрид, чии вработени се на првата линија во борбата со Ковид 19.
Во консултација со директорот на Општата болница Охрид д-р Горан Балевски, согласно посочените потреби, Ротари клубот донираше 10 грејни тела-панели, 100 парчиња постелнина-чаршафи и неколку оксиметри, кои веднаш беа распределени во одделенијата со најголема потреба. – информира Ротари клубот Охрид.

Исто така, во соработка со Црвениот Крст Охрид, Ротари клубот донираше прехранбени продукти за подготовка на стотина пакети, кои ќе се распределат на оние семејства каде што се најнеопходни.

Како општествено одговорна организација и понатаму ќе ја следиме состојбата и ќе се грижиме за добросостојбата и унапредувањето на нашата општина. – велат од Ротари клубот Охрид.
OhridNews











