По повод празниците Св. Валентин или Св.Трифун, РСБСП уште еднаш потсетува: Радувајте му се на животот, уживајте во сите убави работи што ги носи животот. Не дозволувајте сообраќајна незгода, момент на невнимание и непромисленост, лоша навика  или лоша одлука да ги уништи, скрати или промени сите ваши соништа и сите ваши очекувања за животот.

Print

За жал, статистиката говори дека сообраќајните незгоди се секојдневна закана за животот и здравјето на младите лица. Во просек, 25 проценти од сообраќајните незгоди со потешки последици се предизвикани од млади лица на возраст до 29 години, додека околу 30 проценти од вкупно настраданите лица во сообраќајни незгоди се млади лица на возраст до 29 години.

Сообраќајните незгоди се причина број еден за смртност на младите лица на возраст од 15 до 19 години.

Статистичките податоци покажуваат дека на светско ниво, секоја година околу 400.000 млади луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди или дневно се губат околу 1.100  млади животи на патиштата ширум светот. Една од водечките причини за ваквата состојба е возењето под дејство на алкохол.

Св. Валентин или  Св.Трифун, се празници од кои сите, а особено младите може да извлечат убави пораки и убави поуки како што е вербата во љубовта, вербата и почитта кон животот и кон сите убави нешта кои ги носи животот со себе.

OhridNews