Новогодишната еуфорија веќе силно се чувствува. Најлудата и највеселата ноќ е пред нас. Сите имаат свои планови, идеи и желби. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – РСБСП, им посакува на сите граѓани, добра забава, весело расположение и добар помин, но истовремено потсетува дека во вакви услови важно е да се задржи здравиот разум и одговорното однесување.

  • Фактот што се прославува, односно фактот што се дочекува новата година,  не ви дава за право да возете под дејство на алкохол, да бидете агресивни во сообраќајот и да не ги почитувате сообраќајните правила и прописи. Напротив, во вакви услови треба да бидете двојно повнимателни и двојно поодговорни во сообраќајот. – советува РСБСП.

Ризикот за учество на неодговорни учесници во сообраќајот за време на прославата на новогодишната ноќ е поголем од вообичаено. Временските услови, поточно ниските температури во доцните вечерни и  раните утрински часови ја зголемуваат веројатноста за појава на голомразица на патиштата, а со тоа дополнително се отежнува безбедното одвивање на сообраќајот на патиштата, укажува РСБСП, кој вом очи најлудата ноќ упати корисни совети и препораки до возачите:

  • За време на новогодишните празници не го користи својот автомобил ако навистина немаш потреба.
  • Ако пиеш не вози, ако возиш немој да пиеш! Алкохолот и „воланот“ никогаш не одат заедно!
  • Брзината изнудува грешки! Уживај во празниците, уживај во возењето. Почитувај ги правилата за ограничување на брзината.
  • Празниците се време за уживање. Помини ги во кругот на семејството, уживај во друштво со најблиските. Не дозволувај една грешка, еден непромислен чекор во сообраќајот, веселите празнични денови да ги претвори во нечија семејна трагедија.

OhridNews