Членот на Извршниот одбор на СДСМ од Охрид,  професорот Рубин Земон, вечерва преку социјалните мрежи објави дека поднесува оставка од функцијата.

Сакајќи да го заштитам угледот на СДСМ од непринципелните напади кон мене, а со тоа не бирајќи средства да го инволвираат и моето семејство, а со цел да не бидам терет на борбата на партијата кон уривањето на оваа власт, поднесувам оставка од местото член ИО на СДСМ, објави Рубин Земон.

Толкувањето на професорот Земон на одредени историски моменти поврзани со ликот и делото на Гоце Делчев во јавноста и медиумскиот простор предизвикаа реакции што резултираа со негово повлекување од ИО на СДСМ.

OhridNews